Припрема за Студентска Работа во Германија: Водич и Совети

 

Студентската работа во Германија е одлична можност за студентите да стекнат искуство и да ја прошируваат својата перспектива. Голем број студенти секоја година се одлучуваат да направат ваков чекор, и да бидат дел од најпопуларната програма за летна студентска работа во странство. Доколку и вие сте еден од тие што одлучиле да работите во Германија, постојат неколку важни чекори кои треба да ги преземете пред да тргнете на оваа авантура. Овој блог пост ќе ве води низ потребната подготовка и ќе ви даде корисни совети за безгрижен престој и работа.

Проверка на Потребните Документи

 

Пред да тргнете за Германија, осигурајте се дека ги имате сите потребни документи. Еве листа на основните документи кои ќе ви бидат потребни:

 

  • Пасош: Осигурајте се дека вашиот пасош е валиден за целиот период на престојот.

  • Дозвола за работа: Овој документ се потпишува директно во Германија кај работодавачот.

  • Патничко здравствено осигурување: Овој документ треба да биде валиден за целиот период на вашиот престој.

  • Immatrikulationbescheinigung: Потврда за редовен или вонреден студент на германски јазик.

  •  

Ако имате било какви прашања или ви е потребна помош, консултирајте се со вработен од посредникот.

Финансиска Подготовка

 

Платата во Германија следува на месечна основа. Кај најголем дел од работодавците платата се исплатува на 15ти следниот месец. Кај некои работодавачи имате право на аванс после одработени 2 недели, но тоа треба да биде претходно побарано од ваша страна. Некои работодавачи нудат сместување и превоз и трошоците ги одбиваат од Вашата плата. Земете доволно финансиски средства за основните потреби во првиот месец, што вклучува храна, сместување и превоз (доколку не се обезбедени од фирмата), јавен транспорт и други слични трошоци.

Отворање на Банкарска Сметка

По пристигнувањето во Германија, секој кандидат е должен лично да отвори своја банкарска сметка на која ќе ја добива платата. Истата може да биде отворена во некоја германска или европска банка. Наша препорака се банките Monese и Wise. Повеќе информации за процесот на отварање на банкарска сметка во овие банки можете да најдете на нивните веб страни.

Сместување

 

Ако сместувањето не е обезбедено од работодавачот или сакате да го промените, можете да побарате сместување на веб страните како што се:

 

  • monteurzimmer.de

  • 1a-immobilienmarkt.de

  • mein-monteurzimmer.de

Бидете педантни и однесувајте се како дома во сместувањето. Внимавајте на чистотата и одговорно користете ги објектите за да оставите добар впечаток.

Јавен Превоз

 

Користењето на јавниот превоз во Германија со месечна карта од 49 евра е најпрактично. За купување на ваква карта потребен ви е IBAN број. Плаќањето се врши врз основа на претплата, што значи дека таа треба да биде откажана пред крајот на вашиот престој. Оваа карта ви овозможува неограничен пристап до автобуси, трамваи, метро и возови во многу градови. Не само што економично, туку и значително олеснува патувањето, особено ако се движите по градските центри каде што сообраќајот е интензивен. Одличната покриеност на јавниот превоз ви овозможува да стигнете до било кој дел од градот со лесност и удобство, без потреба од сопствено возило.

Возење Велосипед

 

Велосипедот е најдобар начин за кратки дестинации во Германија. Со развиена инфраструктура за велосипеди и безбедни патишта, возењето на велосипед е лесен и еколошки пријатен начин за истражување на градовите. На страната www.kleinanzeigen.de може да најдете користени велосипеди по многу поволна цена кои ќе ги користите за време на вашиот престој во Германија. На крајот, можете лесно да ги продадете на истата веб страна.

Рециклирање и Одржливост

 

Во Германија, селекцијата на отпадот е задолжителна и рециклирањето е дел од секојдневието. 

 

  • Жолти канти – за пластика

  • Плави канти – за хартија

  • Зелени канти – за стакло

  • Кафени канти – за биоразградлив отпад

  • Сиви канти – за секаков вид на отпад

     

Правилно одделувајте го отпадот и фрлајте го во соодветните канти за да избегнете казни кои можат да бидат неколку стотини евра.

Комуникација

 

Пред да тргнете, инсталирајте WhatsApp и поврзете го вашиот број со апликацијата. Целата комуникација и помош ќе бидат обезбедени преку WhatsApp, во групи креирани од менаџерите кои ќе ви дадат сите потребни информации.

 

Студентската работа во Германија претставува уникатна можност за стекнување на нови искуства и вештини. Со правилна подготовка и организација, можете да имате продуктивен и пријатен престој. Следете ги овие совети и ќе бидете подготвени за сите предизвици што ве очекуваат. Среќно!

Authors

Do you want to have a safe trip?

Life is full of uncertainties, but your protection doesn’t have to be. 

  • Customized coverage to fit your unique lifestyle
  • Competitive rates and flexible payment options
  • 24/7 customer support for your convenience

Categories

Share Your Knowledge With Our Readers

Instagram posts

Find your perfect job and travel, make experiences and friendships that will last a lifetime.

Contact Us

Address: st. Franjo Kluz 7/2-5, 1000 Skopje, Macedonia

Phone: +389 79 332 862

​E-mail: info@posrednik.mk

POSREDNIK SKOPJE 2024 © All rights reserved.