За да поднесете барање за работна виза за неквалификуван кадар според регулатива на ЗАПАДЕН БАЛКАН потребно е да резервирате термин. Германската Амбасада на почетокот на секој месец ги отвора апликациите за термин за виза во траење од 10тина дена. После тоа, откако ќе се затворат апликациите започнува изборот на кандидати кои ќе добијат термин кој се извршува по пат на лотарија која се одвива во германското Министерство за надворешни работи во Берлин, добитниците на термин се известуваат на меил. Доколку не Ви стигне известување дека сте добиле термин за виза, ќе треба да аплицирате повторно следниот месец и така се додека добиете термин. Ве молиме за регистрација на термин користите го следниот линк:
https://service2.diplo.de/rktermin/extern/choose_categoryList.do?locationCode=skop&realmId=629 и одберете ја опцијата ЗАПАДЕН БАЛКАН!
За таа цел внесете ги Вашите податоци во списокот. Откако ќе се регистрирате во списокот, во рок од 30 минути ќе добиете првична потврда по електронски пат со дополнителни информации за постапката и повикувачки број (референтен број).
ВАЖНА НАПОМЕНА! Ве молиме резервирајте само еден термин по лице! Во случај на повеќекратно резервирање термин за едно лице, истото ќе биде избришано од списокот со термини!
Многу е важно да имате пристап до Вашата е-пошта (мејл) што ја наведовте во Вашето барање за закажување термин. Потврдата за термин ќе биде испратена само на пријавената е-пошта (мејл).
Доколку сакате да патувате истовремено со членови на семејството кои живеат во исто домаќинство со Вас?
Ве молиме имајте предвид дека секој член на семејството треба да се регистрира за термин. Ова важи и за малолетните деца. Доколку неколку лица од Вашето семејство сакаат да поднесат барање за виза, Ве молиме секое лице одделно/посебно да го регистрирате за термин.
Задолжително на закажаниот термин треба да ја понесете потврдата за термин и Вашиот пасош, кој е внесен во системот за регистрацијата на термин. Доколку бројот на пасошот на закажаниот термин не се совпаѓа со бројот наведен при регистрацијата на термин, нема да Ви биде дозволен влез во визниот оддел и ќе треба да се регистрирате за нов термин. Доколку по регистрацијата за термин Ви е издаден нов пасош, понесете го стариот и новиот пасош.
Доколку не можете да отидете на доделениот термин, откажете го навреме користејќи го линкот за сторнирање, испратен во потврдата за термин за да може истиот да се додели на други баратели. Термините не можат да се сторнираат на денот на поднесување на барањето на виза или потоа.
ПОДНЕСУВАЊЕ НА БАРАЊЕ ЗА ВИЗА
За комплетирање на барањето за виза потребно е да ги доставите следните документи и информации:
Исклучок: за професии кои имаат контакт со странки се препорачува да се докажат јазични познавања на А2 ниво, во оригинал и 2 копии.
Признати сертификати се: сертификатот од Гете институтот (Goethe Institut), Телк доо (Telc GmbH) или ОСД – австриска јазична диплома (ÖSD-Österreichisches Sprachdiplom).
Останати контакти од Посредник24:
Телефонски број: +389 79 332 862 (Viber, WhatsApp)
Facebook: https://www.facebook.com/posrednik.mk/
Instagram: https://www.instagram.com/posrednik.mk/
Адреса: ул. Фрањо Клуз бр. 7/2-5, населба Аеродром (зад Тобако 2)
* Понудата на работни позиции зависи од квалификациите на кандидатот, неговото работно искуство и познавањето на германски јазик. Можеме да Ви понудиме работни позиции во следниве сектори:
▪ Гастрономија (fast food ресторани и biergartens)
▪ Хотелиерство (собари/ки)
▪ Индустриско чистење (чистење болници, училишта и други објекти)
▪ Логистика (само за кандидати со европски пасош)
◦ Кандидатите кои што поседуваат европски пасош потребно е само да се регистрираат и да го пополнат својот прфилил на нашата платформа како и да аплицираат на посакуваната работа. Профилот треба да биде пополнет на англиски или германски и скениран пасош.
Важна забелешка:
Амбасадата нагласува дека барањата за виза поднесени со фалсификувани документи или со неточни информации (на пр. фалсификувани сертификати за јазик) ќе бидат автоматски и веднаш одбиени.
Ако барањето е правилно поднесено и сите документи се доставени во целост, следува обработка од страна на одлучувач. По правило, барањата за национална виза можат да се одобрат само со вклучување на германски служби и со нивна согласност. Доколку за време на постапката се потребни дополнителни документи, истите со електронска пошта ќе бидат побарани од Вас.
Веднаш штом ќе се одлучи по вашето барање, ќе добиете известување преку електронска пошта или СМС-порака. Доколку Вашето барање за виза е одбиено, известувањето за одбивање ќе Ви се испрати по електронска пошта. Ве молиме, редовно проверувајте ја вашата СПАМ-папка.
Важна забелешка:
Амбасадата нагласува дека барањата за виза поднесени со фалсификувани документи или со неточни информации (на пр. фалсификувани сертификати за јазик) ќе бидат автоматски и веднаш одбиени.
Ако барањето е правилно поднесено и сите документи се доставени во целост, следува обработка од страна на одлучувач. По правило, барањата за национална виза можат да се одобрат само со вклучување на германски служби и со нивна согласност. Доколку за време на постапката се потребни дополнителни документи, истите со електронска пошта ќе бидат побарани од Вас.
Веднаш штом ќе се одлучи по вашето барање, ќе добиете известување преку електронска пошта или СМС-порака. Доколку Вашето барање за виза е одбиено, известувањето за одбивање ќе Ви се испрати по електронска пошта. Ве молиме, редовно проверувајте ја вашата СПАМ-папка.
Барањето за виза е одбиено. Што можам да направам?
Приговор
Ако Вашето барање е одбиено и не се согласувате со тоа, можете да поднесете приговор против одбивањето (така да се рече, да противречите на одбивањето).
Приговорот мора да биде во писмена форма, на германски или англиски јазик (или преведен) и своерачно потпишан. Ве молиме наведете и датум во дописот.
Само подносителот на барањето лично или трето лице што е писмено ополномоштено може да поднесат приговор. Во овој случај, и полномошното мора да биде приложено.
Приговорот мора да биде поднесен во Амбасадата во рок од еден месец од кога ќе биде познато одбивањето. За ден на известување вообичаено се смета денот, во кој одбивањето Ви е испратено по мејл.
Важни укажувања
Приговорот има смисла само ако можете да наведете факти или да приложите документи, кои им противречат на причините за одбивањето или ако фактичката состојба се променила во Ваша полза.
Постапка
По приемот на приговорот, Вашето барање ќе биде одново проверено. Новите информации и документи ќе бидат вклучени во проверката.
Ако по проверката на Вашиот приговор се отстранети причините за одбивање, тогаш визата ќе биде доделена. Ако останат причините за одбивање, ќе добиете детално образложена одлука за приговорот. Против неа може исто така во рок од еден месец по добивањето да поднесете жалба во Административниот суд Берлин.
Сметајте на регуларно време на обработка од околу 3 месеци по приемот на приговорот. Ако мора да се вклучат внатрешни, особено служби за странци, тогаш постапката може да трае и подолго. Од тие причини Ве замолуваме да се откажете од прашања до каде е предметот пред истекот на 3 месеци.
Address: st. Franjo Kluz 7/2-5, 1000 Skopje, Macedonia
Phone: +389 79 332 862
E-mail: info@posrednik.mk
Posrednik24 is proudly powered by WordPress