Како компанија која главен акцент става на студентите и креирање можности за истите со цел подобрување на нивниот студентски живот, го разбираме значењето за поддршка на таквите настани. Поради тоа, неодамна учествувавме на Студентската конференција 2024 која беше одржана во Охрид од страна на Универзитетското студентско собрание. Како партнерска компанија, бевме возбудени да се вклучиме во оваа инцијатива и директно да се сретнеме со студентите со цел подобрување на можностите кои ги нудиме.
Конференцијата ни обезбеди платформа за вмрежување и градење на односи и со студентите и со колегите професионалци. Преку панелни дискусии, работилници и неформални разговори, имавме можност за размена на мислења, споделување на најдобри практики и создавање на значајни врски. Овие интеракции не само што го збогатија нашето разбирање за случувањата и предизвиците, туку и отворија врати за потенцијални соработки и партнерства.
Понатаму од размената на идеи и можностите за вмрежување, нашето учество на студентската конференција беше одредено и за заедничка обврска за остварување на позитивни промени и креирање на нови можности за студентите прилагодени според нивните потреби. Фидбекот кој го добивме од студентите ќе ни служи како водилка со цел креирање на подобри услуги за нив.
Претседателот на Универзитетското студентско собрание, Александар Николовски, за ова случување изјави: „Ова е интердисциплинарен настан наменет за вмрежување на учесниците, подобрување на вештините на студентите, откривање на нови можности, соработки и знаења и разубавување на студентските денови.“
За крај сакаме да се заблагодариме на Универзитетското студентско собрание за можноста да бидеме дел од овој настан. Се надеваме дека во иднина повторно ќе имаме можност да соработуваме бидејќи корисноста од ваквите настани е взаемна!
Life is full of uncertainties, but your protection doesn’t have to be.
Адреса: ул.Фрањо Клуз 7/2-5, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389 79 332 862
E-mail: info@posrednik.mk
Posrednik24 е поддржан од WordPress