Разбираме дека наоѓањето на соодветната работа може да биде предизвик и долг процес, затоа, ја создадовме нашата веб апликација со цел да го направиме процесот што е можно погладок и лесен за вас. Нашата посветеност вклучува обезбедување на работни можности, кариерни совети и поддршка во текот на пребарувањето на работа.
Од 2023 година Посредник ја прошири мрежата и со надворешни канцеларии и во Србија, Турција и Албанија, што не прави единствена агенција од Македонија со своја регрутерска мрежа во регионот за програмата летна студентска работа во Германија. Ова е резултат на интересот на студентите за квалитетните работни позиции кои ги нудиме, но и тоа да се направи патувањето уште повеќе мултикултурно студентите имаат можност да запознаат многу млади со слични интереси.
Она што нè издвојува е дека нашиот тим составуваат поранешни кандидати кои биле дел од програмите за работа во Германија и Хрватска. Знаеме што значи да се најде вистинска работа и знаеме што работодавците бараат. Па така нашата цел е да ве споиме со правилната работа, на правилната локација, и во правилното време. Посветени сме да ви помогнеме да ја најдете вашата сакана работа и ќе бидеме со вас секој чекор од патот.
Покрај работните позиции нудиме и комплеметарен сет на услуги со цел да го направиме вашето патување да биде едноставно и безгрижно. Тука се вклучени патничкото осигурување без кое ниту еден студент не тргнува на патување, организирање на автобуски превоз, вршиме повраток на данок од доход од работа во Германија, јазични курсеви, како и тоа што помагаме при отварање на европски банкарски сметки. Покрај ова посредуваме и за пријавување за задолжително здраствено осигурување во Германија.
Сите овие услуги допринесуваат да бидеме добар партнер при изборот на работните позиции кои имаат за цел да ги остварите вашите професионални цели.
Ви благодариме што избравте нашата агенција. Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации.