Услови на употреба на веб-сајтот posrednik24.com
Последно ажурирање: 19.09.2023
Со внесување на Вашата е-маил адреса Вие се согласувате да добивате повремени известувања за новите понуди. Можете да се отчлените во било кое време.
Добројдовте на Posrednik24.com веб сајтот (дефиниран подолу). Со негово користење Вие се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Ве молиме прочитајте ги внимателно. Ако имате некои прашања обратете ни се.
Приватна агенција за вработување Посредник Плус – Скопје , го поседува и менаџира сајтот www.posrednik24.com и неговит мобилни апликации и верзии. Со употреба на овој сајт и неговите услуги Вие (“Вие” или “крајниот корисник”) се согласувате со Условите на употреба (дефинирани подолу). Исто така се согласувате и со нашата Политика за заштита на лични податоци лоцирана на следниот линк и се согласувате дека повремено ќе ги посетувате Условите на употреба за да сте во тек доколку истите претрпат измени. Политиката за заштита на лични податоци заедно со овие Услови на употреба, збирно се нарекуваат Услови на употреба.
АКО НЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА, ВЕДНАШ ПРЕСТАНЕТЕ ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ САЈТОТ И НЕ ГИ КОРИСТИТЕ УСЛУГИТЕ КОИ ГИ НУДИ Posrednik Plus, НЕ УЧЕСТВУВАЈТЕ ВО НИТУ ЕДНА ПРОГРАМА
Условите на употреба се организирани на следниот начин:
Posrednik Plus овозможува интерактивна онлајн услуга преку веб-страната на домеинот posrednik24.com, со кој дејствува фирмата Посредник Плус. Преку сајтот “posrednik24.com” одредени компании (“Работодавачи”) нудат вработување. Единствено Работодавачот е одговорен пред вас за квалитетот на работата и работниот ангажман услугите кои ги нуди. Сите понуди на сајтот може да се променат во било кое време, без претходно известување.
Сајтот, целата содрижина на сајтот и инфраструктурата која се користи за да го направи сајтот достапен се наша сопственост, на продавачите и на други даватели на услуги. Со користење на овој сајт крајниот корисник и согласување со сите правила и услови изнесени во продолжение на овој текст (a) Posrednik24 ви овозможува лимитирана, лична, непреносилва, не-ексклузивна лиценца за да го користите сајтот во согласност со овие Услови на употреба и со сите дополнителни политики и правила поставени од Posrednik24 ; и (б) се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или производи или услуги добиени преку сајтот без претходно одобрување од Posrednik24.
Како предуслов на сајтот, Вие се согласувате дека:
Услови за употреба
Вие сте одговорни за Вашата лозинка и нејзино доверливо чување
Posrednik24 го задржува правото да одбие давање на услуга или пристап на сајтот или на профилот на било кое лице, во било кое време поради било која причина. Крајниот корисник признава дека иако интернетот е често безбедно место, понекогаш има пречки во службата или настани кои се надвор од контрола на Posrednik24 и Posrednik24 не е одговорен за кои било податоци изгубени додека се врши пренесување на информација преку Интернет. Иако цел на Posrednik24 е да биде достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, сајтот може да е недостапен од време на време поради било каква причина, вклучувајќи, без ограничување, рутински одржувања. Вие разбирате и признавате дека во зависност од околностите, во рамките и надвор од контрола на Posrednik24, пристапот до веб страницата може да биде прекинат или суспендиран од време на време.
Posrednik24 има право во секое време да го промени или прекине било кој аспект или функција на сајтот, вклучувајќи, но не и ограничено на, содржина, часови на достапност и опрема потребна за пристап или употреба на сајтот.
Posrednik24 го задржува правото во било кое време да го прекине или измени било кој аспект од Условите на користење и/или од Политиката за заштита на лични податоци како што смета дека е неопходно или пожелно. Таквите промени може да вклучуваат, меѓу другото, додавање на одредени такси или давачки. Ако Posrednik24 прави било какви суштински промени, ние ќе ве известиме со испраќање на e-mail на e-mail адресата која е регистрирана со вашиот профил и/или со објавување на известување за промена на веб-сајтот. Било какви промени на овие Услови на користење ќе стапат на сила откако претходно ќе ве известиме со испраќање на e-mail до Вас или претходно објавиме известување за промените на нашиот сајт. Ако не се сложувате со промените можете да го избришете Вашиот профил без било каков надоместок и да не ги користите во иднина услугите на сајтот по промената на условите. Овие промени ќе бидат важечки за новите корисници на нашиот сајт од страна на таквите нови корисници. Затоа Ви препорачуваме да ги пре-прочитате овие важни информации кои ги содржат нашите Услови на Употреба и Политиката за заштита на лични податоци од време на време, со цел да останете информирани за било какви промени. Секое користење на сајтот од страна на крајниот корисник ќе се смета дека претставува прифаќање од страна на крајниот корисник на тие измени.
Можете да регистрирате и одржувате само еден профил на веб сајтот за лична употреба. Вие сте одговорни за обновување на податоците во Вашиот профил. Како дел од измените на Вашиот профил имате опција да: промените, зачувате или избришете било какви лични информации од профилот или да се отчлените од добивање промотивни е-маил пораки. Вие знаете и се согласувате дека Posrednik24 нема никаква одговорност за било каков инцидент кој може да произлзе од или е поврзан со Вашиот профил. Само Вие сте одговорни за одржување на безбедноста на Вашиот профил. Ние ќе претпоставиме дека било кое лице кое го користи сајтот преку Вашиот профил сте Вие. Се согласувате дека единствено вие сте одговорни за било која активност која се случува на или со Вашиот профил. Вашиот профил може да биде остранет заедно со Вашите информации кои се наоѓаат на него ако истиот не го одржувате со тековни податоци.
Вашиот профил не е пренослив. Не смеете да го споделите или продадете со/на друго лице. Било кое непочитување на овие Услови на Употреба може да доведе до негово исклучување без претходно известување. Исклучен или отстранет профил ги губи купените ваучери, без разлика дали се употебени и средствата кои се наоѓаат на истиот. Исто така, го задржуваме правото да ја промениме или исклучиме било која опција од Нашиот сајт, вклучително, но не и ограничено на барањата за употреба на сајтот.
Крајниот корисник е одговорен за снабдување и одржување со телефонска опрема, компјутерски хардвер и друга опрема потребна за пристап и користење на овој сајт и сите трошоци поврзани со тоа. Posrednik24 не е одговорен за било каква штета на опремата на крајниот корисник како резултат од користењето на овој сајт.
Сите интеракции на сајтот мора да се во согласност со овие Услови на Употреба. Доколку забележиме дека Вашето однесување му попречува или му забранува на било кој друг корисник да го употребува било кој дел од сајтот, може да го ограничиме Вашиот пристап и користење на сајтот.
Следните активности се забранети на сајтот и означуваат кршење и непочитување на Условите на Употреба:
Поставување било каква содржина на сајтот која:
Обидот да се направи или всушност да се направи било што од од следното:
Употреба на било кое од следното:
Собирање на било кои од следните наведени работи:
Вклучување во било која од следните активности:
ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ Посредник24, НЕГОВИТЕ СОРАБОТИЦНИ И НИВНИТЕ ВРАБОТЕНИ, ДИРЕКТОРИ, АГЕНТИ ИЛИ ПРОДАВАЧИ, ДАВАТЕЛИ НА УСЛУГИ И ПРОВАЈДЕРИ НА СОДРЖИНА НЕ СЕ ОДГОВОРНИ ЗА БИЛО КОИ ПОСРЕДНИ, СЛУЧАЈНИ, СПЕЦИЈАЛНИ, ПОСЛЕДОВАТЕЛНИ ИЛИ КАЗНЕНИ ШТЕТИ КОИ ПРОИЗЛЕГУВААТ ОД, ИЛИ СЕ ПОВРЗАНИ СО (А) ВАШЕТО КОРИСТЕЊЕ НА САЈТОТ, СОДРЖИНАТА, КОРИСНИЧКАТА СОДРЖИНА И ДРУГИ ИНФОРМАЦИИ СОДРЖАНИ НА САЈТОТ, (Б) ВАШАТА НЕМОЖНОСТ ДА ГО КОРИСТИТЕ САЈТОТ, (В) ПРОМЕНА ИЛИ ОТСТРАНУВАЊЕ НА СОДРЖИНА ПОСТАВЕНА НА САЈТОТ, (Г) ПОНУДИТЕ ОД ПРОДАВАЧИТЕ, ПРОИЗВОДИТЕ, УСЛУГИТЕ ИЛИ ДРУГИ ПРОГРАМИ ПОНУДЕНИ ПРЕКУ САЈТОТ, ИЛИ (Д) ОВИЕ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА.
Кога го користите сајтот или испраќате електронски (е-маил) пораки до Посредник24, Вие комуницирате со нас по електронски пат и се согласувате да примате електронски пораки од нас во врска со Вашата употреба на сајтот. Ние ќе комуницираме со Вас преку е-маил или преку поставување нотификации или коментари на сајтот. Вие се согласувате дека сите спогодби, забелешки или друга комуникација која ви е пренесена по електронски пат ги задоволува правните закони и барања како да е пренесена во писмена форма и може да послужи како веродостоен доказ. Известувања од нас ќе се сметаат за уредно доставени на денот на испратената електронска порака од наша страна, на Вашата е-маил адреса која сте ја оставиле на Вашиот профил или сте ни ја дале низ друга форма на комуникација со Вас.
Посредник24, слично како и секој Интернет сервис провајдер, е дистрибутер (а не издавач) на содржини, обезбедени од страна на трети лица и крајни корисници. Соодветно на тоа, Посредник24 нема уредувачка контрола врз таквите содржини како и секоја јавна библиотека или книжарница. Секое мислење, совет, извештај, услуга, понуда, или други информации или содржина изразени или ставени на располагање од страна на трети лица, вклучувајќи ги и информациите на услуги, или било која друга информација од крајните корисници се на соодветниот автор или дистрибутер, а не на Посредник24.
Во многу случаи, содржината достапна преку овој сајт претставува мислења и расудувања на одредени лица кои ги дале информациите, на крајниот корисник, или на други корисници под договор со Посредник24. Посредник24ниту поддржува ниту е одговорен за исправноста и веродостојноста на било кое мислење, совет, или изјава на Посредник24 од било кој, освен од овластен Посредник24вработен. Под никакви околности Посредник24 нема да биде одговорен за било каква загуба или оштетување на крајниот корисник предизвикано од негово потпирање врз информациите добиени преку Посредник24. Одговорност на крајниот корисник е да ја оцени точноста, комплетноста или корисноста на било која информација, мислење, совет, или друга содржина достапна преку Посредник24.
Посредник24 содржи линкови до веб-сајтови на трети лица кои се одржуваат од други добавувачи на содржина. Овие линкови се ставени на располагање само како погодност за вас, а не како наша поддршка на содржината на овие трети лица, и Посредник24 изречно ја отфрла одговорноста во поглед на содржината и точноста на материјалите на таквите веб страни на трети лица. Ако крајниот корисник одлучи да пристапи до некој веб сајт преку линк, тоа го прави на свој ризик. Освен ако Посредник24 експлицитно Ви дозволил да го сторите тоа, не смеете да ставате надворешни линкови на Посредник24 кои водат до други страни. Посредник24 го задржува правото да ја отповика својата согласност за било кој линк во секое време, без да ве извести.
Се согласувате да го браните и заштитите Посредник24 и неговите вработени лица, директори, агенти од сите обвинувања и трошоци, вклучително и адвокатски трошоци кои произлегуваат од или се поврзани со: (а) било која содржина поставена од Вас, поврзана со сајтот или било кое користење на сајтот кое ги прекршува овие Услови на употреба, (б) измама која сте ја направиле Вие или (в) прекршување на било кои Закони на Р.М или странски закони или права на трети лица.
Само Вие сте одговорни за интеракцијата со Работодавачите или другите корисници на сајтот. До степен до кој применливиот закон дозволува, Вие тука се согласувате дека го ослободувате Посредник24 од било кои обвинувања кои се поврзани или произлегуваат од понудени услуги од Работодавачи, било која активност на Работодавач, вклучувајќи, но не и ограничено на било каква штета која може да ви е направена од страна на Работодавачот.
Крајниот корисник се согласува дека ќе ја обештети и нема да ја смета за одговорна компанијата Посредник24 Вработување, неговите одговорни лица, вработени и агенти за сите побарувања за отштета и трошоци, вклучувајќи трошоци за правно застапување, кои можат да произлезат од користењето на оваа веб страна од страна на крајниот корисник.
Посредник24 нема да се смета за одговорен за функционирањето на сајтот во согласност со овие Услови на употреба, до степен до кој истото е предизвикано или одложено, делумно или целосно како резултат на настан или серија на настани кои се предизвикани од: (а) временски непогоди или други дејствија на природата или виша сила, (б) војна, тероризам, граѓански нереди или револуции, (в) ембарго или карантин, (г) штрајкови, (д)грешка или прекин на компјутерски хардвер, мрежи или софтвер или (ѓ) друго.