Доколку сте кандидат кој сака да аплицира за работа со ЕУ пасош, потребно е да ни испратите лична биографија (CV) на англиски или германски јазик и копија од пасош,и ли можете да креирате профил на нашата платформа и да аплицирате на работните места. После тоа ќе ве претставиме како кандидат за вработување пред нашите партнери и ќе ви ги презентираме пристигнатите понуди. Доколку ви одговара некоја од понудите, ќе ја започнеме процедурата за обезбедување на договор за работа и договарање на сите потребни документи. Локациите и условите варираат од работодавач до работодавач, град или индустрија. Ова значи дека различни кандидати обично добиваат различни понуди од исти или различни работодавци. Минималната плата во Германија и Хрватска е различна секоја година, па тоа значи дека треба да се споредува во тој одреден временски период. Би сакале да напоменеме дека на кандидатите за работа со ЕУ пасош не им е потребна виза и можат да започнат со работа за краток период од време.
Работни дејности
Како дел од нашиот тим за угостителство, вие ќе играте клучна улога во обезбедувањето на чистотата и удобноста на собите на нашите гости. Оваа позиција нуди флексибилни часови.
Хотелиерство
Активноститево оваа улога вклучуваат пакување на производи, етикетирање, цени, декларации, контрола на производот и подготовка за испорака, како и помош во самиот производствен процес.
Логистика
Различни работни позиции, вклучувајќи шанкери, помошници келнери, помошници во кујна, подготовка на салата, тапкање пиво, чистење садови од масите и миење садови.