Електро и водоинсталации · Германија

Работа за електричари и водоинсталатери во Германија

Занаетчиите, меѓу нив електричарите и мајсторите за вода, греење и клима, се меѓу бараните занимања во Германија. Ние ги поврзуваме мајсторите од Македонија и регионот со фирми во Германија.

Лиценцирана агенција за вработување, лиценца бр. 41 · Posrednik Plus Agency, Скопје

Кои мајстори се бараат

Огласите се менуваат. Точните услови се секогаш во огласот во апликацијата.

Електричари (Elektroniker)

Електро-инсталации во згради, табли, приклучоци и осветлување.

Помошници за електро

Помош при монтажа, влечење кабли и подготовка.

Водоинсталатери (Anlagenmechaniker SHK)

Цевки, санитарии, бањи и водовод.

Греење и климатизација

Монтажа и сервис на системи за греење, топлински пумпи и клима.

Електричар монтира инсталацијаВодоинсталатер поправа инсталација во бањаВодоинсталатер работи на цевки под мијалник

Кој може да аплицира

Искуство во занаетот

Искуството е најважно. Ќе праќаш слики или видео од работата.

Основен германски

Корисен е за безбедност и работа со клиенти. Нивото е во огласот.

Диплома и признавање

Диплома за занает е предност. Признавањето може да донесе подобри услови.

Пасош и документи

Важечки пасош. За визата помагаме ние.

Како до работа во Германија: 5 чекори

01

Аплицирај

Регистрирај се во апликацијата и аплицирај на оглас што ти одговара.

02

Разговор со нас

Нашиот тим те повикува, ги проверува искуството, јазикот и документите.

03

Интервју

Разговор со работодавачот во Германија. Тој одлучува за вработувањето.

04

Документи и виза

Те водиме низ договорот, документите и барањето за виза.

05

Почеток

Патуваш, се сместуваш и почнуваш. Остануваме достапни и по почетокот.

Работата е најчесто во Германија, но не само таму

Повеќето огласи во оваа бранша се за Германија. Некои работни места се отворени и за други земји: сезонска работа во Хрватска или работа во Македонија. Погледни ги сите огласи во апликацијата или прашај го нашиот тим кои места се моментално слободни.

Чести прашања

Дали морам да ја признаам дипломата?

Не секогаш. Преку Регулативата за Западен Балкан може да се работи и без признавање. Со признаена диплома имаш подобри можности и услови. Информации на anerkennung-in-deutschland.de.

Кои мајстори најмногу се бараат?

Електричари и мајстори за вода, греење и клима. Make it in Germany ги наведува занаетчиите меѓу бараните занимања. Моменталните места се во огласите.

Дали морам да знам германски?

Основен германски е предност, а за некои места е услов. Нивото е наведено во огласот.

Што е Регулативата за Западен Балкан?

Германска регулатива според која државјани на Македонија, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Црна Гора можат да добијат работна виза за речиси секое работно место, и без формална квалификација. Потребни се конкретна понуда за работа и согласност од германската Агенција за вработување. Годишно се одобруваат до 50.000 согласности.

Каде се објавени платата и условите?

Во секој оглас во нашата апликација: плата, работно време, сместување и документи.

Подготвен за следниот чекор?

Погледни ги огласите или пиши ни на WhatsApp. Одговараме на македонски.