Добредојдовте во Посредник, вашето место за најдобрата сезонска и студентска работа во Германија и Хрватска! Покрај студентската и сезонската работа, нудиме и можности за работна виза во Германија и работа со ЕУ пасош.
Ние сме млад и динамичен тим, основан во 2019 година, посветен да ви обезбеди најдобрите работни можности во странство. Иако официјално постоиме 5 години, нашето искуство од околу 10 години е тоа што ни дава најмногу сигурност во секојдневната работа. За овој краток период усеавме да се наметнеме како една од водечките агенции во организарањето на летната студентска работа во Германија и да понудиме нови работни можности во сектори кои не беа толку познати и популарни. Целта на Посредник е да дадеме можност на студентите да работат во технолошко напредни индустрии и компании и да имаат можност одблиску да видат или работат на производи кои го унапредуваат живеењето во 21-от век. Сето ова е со цел за да се стекнат со интернационално работно искуство и можност за збогатување на нивната професионална биграфија.
Разбираме дека наоѓањето на соодветната работа може да биде предизвик и долг процес, затоа, ја создадовме нашата веб апликација со цел да го направиме процесот што е можно погладок и лесен за вас. Нашата посветеност вклучува обезбедување на работни можности, кариерни совети и поддршка во текот на пребарувањето на работа.
Од 2023 година Посредник ја прошири мрежата и со надворешни канцеларии и во Србија, Турција и Албанија, што не прави единствена агенција од Македонија со своја регрутерска мрежа во регионот за програмата летна студентска работа во Германија. Ова е резултат на интересот на студентите за квалитетните работни позиции кои ги нудиме, но и тоа да се направи патувањето уште повеќе мултикултурно студентите имаат можност да запознаат многу млади со слични интереси.
Она што нè издвојува е дека нашиот тим составуваат поранешни кандидати кои биле дел од програмите за работа во Германија и Хрватска. Знаеме што значи да се најде вистинска работа и знаеме што работодавците бараат. Па така нашата цел е да ве споиме со правилната работа, на правилната локација, и во правилното време. Посветени сме да ви помогнеме да ја најдете вашата сакана работа и ќе бидеме со вас секој чекор од патот.
Покрај работните позиции нудиме и комплеметарен сет на услуги со цел да го направиме вашето патување да биде едноставно и безгрижно. Тука се вклучени патничкото осигурување без кое ниту еден студент не тргнува на патување, организирање на автобуски превоз, вршиме повраток на данок од доход од работа во Германија, јазични курсеви, како и тоа што помагаме при отварање на европски банкарски сметки. Покрај ова посредуваме и за пријавување за задолжително здраствено осигурување во Германија.
Сите овие услуги допринесуваат да бидеме добар партнер при изборот на работните позиции кои имаат за цел да ги остварите вашите професионални цели.
Ви благодариме што избравте нашата агенција. Со нетрпение ги очекуваме вашите апликации.
Нашата компанија е активна во повеќе од 6 држави.
Во нашето досегашно работење имаме реализирано стотици вработувања.
Соработуваме со добро познати и реномирани компании.
Нашите кандидати се задоволни од нас и нашите компании-партнери.
Генерален менаџер
Email:
daniel@posrednik.mk
Teл: +389 78 767 252
Финансов менаџер
Email:
office@posrednik.mk
Teл: +389 70 383 245
Координатор за студенти
Email:
info@posrednik.mk
Teл: +389 79 332 862
Маркетинг менаџер
Mail:marketing@posrednik24.com
Teл: +389 79 332 862
Координатор за Виза и ЕУ
Email:
office@posrednik.mk
Teл: +389 71 383 246
IT Експерт
Email:
Teл:
Адреса: ул.Фрањо Клуз 7/2-5, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389 79 332 862
E-mail: info@posrednik.mk
Posrednik24 е поддржан од WordPress