Дали здравственото осигурување во Германија е задолжително?
Да. Секој што живее и работи во Германија мора да има здравствено осигурување. Кај редовна работа придонесот се пресметува од платата и се одбива автоматски.
Колку чини?
Придонесот е процент од платата и делумно го плаќа работодавачот. Студентите плаќаат месечна студентска стапка. Точниот износ ти го кажуваме пред пријавата.
Дали мора да знам германски?
Не. BARMER нуди поддршка на англиски, а ние ти помагаме на македонски при пријавата.
Дали можам сам да ја изберам здравствената каса?
Да. Во Германија вработените и студентите сами ја избираат јавната здравствена каса. Ние ја препорачуваме BARMER поради поддршката за странци.
Што ако одам на летна студентска работа?
Краткорочната летна работа е посебен случај. Нашиот тим ти кажува каков вид осигурување ти треба за твојот договор.
Колку чини вашата помош?
Помошта при пријавата е бесплатна за тебе.