Моето искуство беше незаборавно и им го препорачувам на сите студенти кои размислуваат дали да се пријават. Можам да кажам дека патувањата ве оставаат без зборови, а потоа ве прават раскажувач, па факултетските денови се идеални за патување. Во 2019 година отидов за прв пат во Германија, заедно со мојата девојка работевме во Mc Donald's во Франкфурт и презадоволна сум, таму запознавме многу пријатели. Во 2020 година по втор пат отидов на работа во Германија, таму работев во болница во Минхен. Навистина вреди да одите, да стекнете нови искуства, авантури и секако, приходи.