За да аплицирате за работа со виза во Германија за неквалификуван персонал според регулативата за ЗАПАДЕН БАЛКАН, треба да резервирате термин. На почетокот на секој месец, германската амбасада отвора апликации за 10-дневен термин за виза. Потоа, по затворањето на апликациите, започнува селекцијата на кандидатите кои ќе добијат термин, што се врши по пат на лотарија што се одржува во германското Министерство за надворешни работи во Берлин, добитниците на термин се известуваат од е-пошта. Доколку не добиете известување дека сте добиле термин за виза, ќе мора повторно да аплицирате следниот месец и така натаму додека не добиете термин.
Периодот на чекање зависи од категоријата на виза за која аплицирате.
Апликациите за виза термин за Западен Балкан се отвараат секој месец на страната на Гермнаска Амбасада. Периодот за аплицирање трае 7 дена. Кандидатите може да аплицираат еднаш месечно. По затварањето на периодот за апликации, по систем на лотарија се селектираат кандидатите кои ќе добијат термин за виза. Доколку не сте селектирани, треба да аплицирате повторно следниот месец.
Кога ќе добиете термин за виза, треба да се регистрирате на нашата веб страна и да ги внесете сите потребни информации на англиски или германски јазик. После тоа ние ќе ве контактираме и ќе треба да ни испратите копија од пасош и да ни го препратите терминот на е-mail.
Само за некои видови на виза:
Во зависност од видов на виза за која аплицирате и работната позиција, потребнотот ниво на познавање на германски јазик е различно. Пример: за виза за спојување на семејство потребно е познавање на германски јазик од ниво A1, за квалификувана работна сила. ниво B2.
Прифатени се само сертификатите од:
Во секој случај, со испраќање на барањето, се проверува дали вашето знаење е во согласност со вашата диплома.
Адреса: ул.Фрањо Клуз 7/2-5, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389 79 332 862
E-mail: info@posrednik.mk
Posrednik24 е поддржан од WordPress