Доколку сте кандидат кој сака да аплицира за работа со ЕУ пасош, потребно е да ни испратите лична биографија (CV) на англиски или германски јазик и копија од пасош,и ли можете да креирате профил на нашата платформа и да аплицирате на работните места. После тоа ќе ве претставиме како кандидат за вработување пред нашите партнери и ќе ви ги презентираме пристигнатите понуди. Доколку ви одговара некоја од понудите, ќе ја започнеме процедурата за обезбедување на договор за работа и договарање на сите потребни документи. Локациите и условите варираат од работодавач до работодавач, град или индустрија. Ова значи дека различни кандидати обично добиваат различни понуди од исти или различни работодавци. Минималната плата во Германија и Хрватска е различна секоја година, па тоа значи дека треба да се споредува во тој одреден временски период. Би сакале да напоменеме дека на кандидатите за работа со ЕУ пасош не им е потребна виза и можат да започнат со работа за краток период од време.
Да имате. Осигурувањето е обезбедено од работодавецот.
Адреса: ул.Фрањо Клуз 7/2-5, 1000 Скопје, Македонија
Телефон: +389 79 332 862
E-mail: info@posrednik.mk
Posrednik24 е поддржан од WordPress