Работилница - Сите ние заедно можеме повеќе

На ден 8ми февруари 2024 година во просториите на Студентскиот дом „Браќа Миладиновци“ – Штип по иницијатива на ПОСРЕДНИК ПЛУС се одржа работилница на тема – Сите ние заедно можеме повеќе.

Фасцилитатори на работилницата  беа здружението РУБИКОН од Скопје претставени преку Владимир Караев и Љупка Ристовска.

Работилницата за стекнување на меки вештини за студенти организирана беше со цел да им овозможи дополнителни вештини за напредок во нивниoт академски и професионален развој.

Цели кои се поставија при организирањето на самата работилница ,а кои по наше мислење и мислење на фасцилитаторите беа следните:

– Развивање на комуникациски вештини

– Подобрување на способностите за тимско работење

– Управување со времето

– Подобрување на вештини за решавање на проблеми.

За тоа на самиот почеток се почна со следните активности:

1.Предавање и вежби за ефективна комуникација, вклучувајќи невербална комуникација, слушање и изразување на мислење.

2.Тимски игри и вежби за подобрување на колаборативните вештини и градење во тим.

3.Сесијата за употреба на алатки и техники за ефективно управување со времето, планирање на задачи и одредување на приоритети како и вежбата за анализа на проблеми и развивање на стратегии за нивно решавање.

Студентите покажаа активно учество и ангажираност во сите вежби. Забележано е значително подобрување на комуникациските вештини и способностите за тимско работење. Работилницата за стекнување на вештини за студенти беше успешна во исполнувањето на поставените цели и овозможување на студентите со важни вештини за нивниот личен и професионален развој.

Ќе продолжиме со организирање на работилници за стекнување на вештини, вклучувајќи различни аспекти на развојот на оваа целна група што значи дека ќе им дадеме можност што поуспешно да се снаоѓаат во секакви ситуации.

Работилницата беше успешна и ги постигна нашите очекувани цели. Позитивната реакција на студентите по завршувањето, ни дава за право да продолжиме со слични иницијативи и во иднина.

Ако сакате да ги развиете вашите вештини и да стекнете меѓународно искуство збогатено со нови можности за личен и професионален напредок,  аплицирајте за летните програми за студентска работа во Германија. Овие програми ви нудат одлична можност да работите и да учите во стимулативно меѓународна околина, каде што ќе можете да го унапредите вашиот јазик, професионален и културен развој. Не ја пропуштајте шансата да ги истражите новите перспективи што ви ги нуди оваа програма.

Автори

Дали сакаш да имаш безбеден престој?

Животот е полн со несигурности

  • Креирано според вашите потреби
  • Компетитивни цени и опции за плаќање
  • 24/7 корисничка поддршка

Категории

Сподели го твоето знаење со нашите читатели

Инстаграм

Find your perfect job and travel, make experiences and friendships that will last a lifetime.

Contact Us

Address: st. Franjo Kluz 7/2-5, 1000 Skopje, Macedonia

Phone: +389 79 332 862

​E-mail: info@posrednik.mk

POSREDNIK SKOPJE 2024 © All rights reserved.