„Запознав други студенти со кои го споделивме работното искуство и обуката. Животот и работата без директна помош од родителите ми помогна да станам понезависна. Ја препорачувам програмата на сите.“

Работи до 90 дена за време на летниот или зимскиот распуст, заработи во евра и запознај ја Германија. Ние ти наоѓаме работодавач и ја водиме целата постапка за работна дозвола.
Германија им дозволува на студенти од странство да работат за време на семестралниот распуст. Програмата на германски се вика Ferienbeschäftigung. Работиш со договор, со иста плата како домашните работници, а дозволата ја издава германската Агенција за вработување (ZAV) пред да почнеш.
Запишан на акредитиран факултет надвор од Германија. Ние проверуваме дали твојот факултет е признаен.
Тоа е возрасната граница што ја бара германската агенција.
Летен или зимски, само кога на твојот факултет е официјален распуст. Најмногу 90 дена во 12 месеци.
За работа со гости е потребен германски. За магацин и производство често е доволен добар англиски.
Од 1 јануари 2027 минималната плата во Германија е 14,60 € бруто на час. Многу работодавачи плаќаат повеќе. Избери бранша или помести ги лизгачите.
Платите по бранша се пример, точната плата пишува во секој оглас. Износот е бруто: од него се одбиваат данок, сместување, превоз и храна. Дел од данокот често може да се врати.
По германскиот закон до 10 часа на ден и во просек до 48 часа неделно. 60 часа неделно се можни само во одредени недели, кога има повеќе работа, а потоа се работи помалку.
Во овие области имаме најмногу работодавачи и најмногу искуство.
Послужување, шанк, точење пиво, помош во кујна. Жива работа со гости и бакшиш.
Пакување, сортирање и подготовка на пратки. Јасни задачи, често доволен англиски.
Работа на линија, монтажа и контрола на производи, во смени.
Одржување на хотели, канцеларии и објекти. Флексибилни смени.
Продавници за мода и малопродажба: рафтови, магацин, помош на купувачите.
Во Минхен сме присутни и таму имаме најмногу партнери, па лесно ќе најдеш и други наши студенти. Работни места имаме и во други градови низ Германија.
Во изминатите години, заедно и во соработка со други партнери, нашите кандидати беа пласирани и вработени во овие компании:
Пет чекори. Кај секој пишува кој ја врши работата.
Отвори бесплатен профил на нашата платформа и пополни го твоето CV внимателно. Тоа е првото нешто што го гледа работодавачот.
ТиТе повикуваме на краток разговор, го проверуваме јазикот и ти кажуваме кои работни места одговараат за тебе. Потоа потпишуваме договор за посредување.
Ние + тиЗемаш потврда за редовен студент и го заверуваш образецот за германската агенција. Образецот можеш да го симнеш од оваа страна.
Ти, со наша помошТе поврзуваме со работодавач. Потоа го поднесуваме барањето до германската агенција (ZAV). Потврдата мора да пристигне пред да почнеш, и не се издава наназад.
Ние + работодавачотДобиваш договор, адреса и датум за почеток. Ти помагаме околу сместување, превоз и осигурување, и остануваме достапни додека си таму.
Ти, ние сме покрај тебеТри групи документи. Без нив не можеме да поднесеме барање за работна дозвола.
Официјален образец на германската Агенција за вработување (Erklärung zur Immatrikulationsbescheinigung). Однеси го на факултет пополнет со твоите податоци, а факултетот го дополнува, потпишува и става печат.
Работодавачот не те познава. Гледа само што си напишал. Затоа вложи време и пополни го CV-то добро и професионално. Тоа може да биде одлучувачко за да добиеш добра работа.
„Запознав други студенти со кои го споделивме работното искуство и обуката. Животот и работата без директна помош од родителите ми помогна да станам понезависна. Ја препорачувам програмата на сите.“

„Работата воопшто не е тешка, прилично е едноставна и забавна, зависно од позицијата. Патувањата и истражувањата во слободното време се исто така многу убав момент.“

„За мене ова беше стратешка одлука. Шанса не само да се финансирам, туку и да изградам поглед на светот што ќе ми користи во идната кариера.“

Подобро да знаеш однапред. Точните износи ги добиваш со секоја понуда за работа.
Некои работодавачи нудат сместување и го одбиваат од плата. Ако нема, ти помагаме да најдеш.
Превозот и патното осигурување не се вклучени во цената. Можеме да ги организираме за тебе.
Депозит при предавање на документите, остатокот откако ќе ја добиеш работната дозвола.
Има две фази. Првата трае до 30 март и тогаш изборот е најголем. Доцната фаза трае до крајот на мај, за местата што останале слободни.
Не секогаш. За биргартен и работа со гости е потребен германски. За логистика, производство и чистење често е доволен добар англиски. Без ниту еден од двата јазика не можеме да те пријавиме.
Не со оваа програма. Ограничувањето е 90 дена во 12 месеци и само за време на распуст. За подолга работа постојат други програми, на пример правилото за Западен Балкан.
Не можеме да ја гарантираме. Одлуката ја носи германската агенција. Нашата работа е документите да бидат точни и предадени на време.
Да. Кажете ни при пријавата и ќе се потрудиме да ве ставиме кај ист работодавач или во ист град.
Работодавачот одбива данок од платата. Во многу случаи дел од него може да се врати. Нудиме и услуга за поврат на данок откако ќе се вратиш.
Извор: Германска агенција за вработување – Ferienbeschäftigung. Последна проверка: ноември 2026. Правилата може да се променат; пред секоја пријава ги проверуваме повторно.
Регистрирај се и пополни го CV-то како што треба. Ние ти се јавуваме и заедно гледаме кое работно место е за тебе.
Скопје +389 79 332 862 · Минхен +49 178 656 1683
Лиценцирана агенција за вработување, лиценца бр. 41 · Директен договор со работодавачот