Мелиса Мулиќ - Прошетав и живев во Европа

благодарение за летната студентска работа во Германија

Нашата кандидатка од претходното лето, Мелиса ни раскажува затоа како се одлучила да аплицира за студентска работа во Германија и какво било нејзиното искуство. Таа заедно со уште 4 девојки од Србија, кои беа сместени заедно и работеа во секторот логистика во близина на градовите Дуисбурк и Есен.

студентска-работа-германија

Како се одлучи да аплицираш?

Првично бев скептична и несигурна, но после со подршка на мојот дедо одлучив да аплицирам. Потоа отидов во канцелариите на Посредник, каде што ги добив сите потребни и важи информации, но веќе и бев сигурна дека се ќе биде во ред. 

Кој е твојот коментар за оваа програма и можност за студентска работа во Германија за време за летен распуст? 

Па на кратко би рекла: Ризик и предизвик кој вреди да се превземе.”
Програмата Work&Travel Germany е одличен начин да ги усовршите вашите комуникациски способности, да го збогатите вашето друштво, а најважно од се е без многу мака да направите некоја пара. Работата воопшто не е тешка, располага со голем простор за забава и дружба. Слободното време може да се искористи за многу активности.

Што можеш да ни кажеш за самата работа?

Иако работевме во логистика, индустрија за која постојат предрасуди дека е само за машки, можам да кажам дека јас и моите другарки одлично се снајдовме. Работата не беше воопшто тешка и колегите беа секогаш спремни да ни помогнат. Тоа беше за мене предизвик, дека можам да се носам со секоја понудена работа.

Покрај работата каде го трошеше остатокот од времето?

Покрај тоа што уште од првата недела ја открив блиската теретана, јас моето време го искористив и за многу шетање. За време на викендите и на другите денови кога можевме да добиеме слободно време посетивме многу градови, меѓу кои и Брисел, Амстердам, Париз, Дортмунд, Хамбург. Ова искуство во мојот живот сеуште е можам да кажам и најголемото и најубавото искуство. Научив многу, запознав многу луѓе, својот круг на пријатели го зголемив на поголеми полиња. 

студентска-работа-германија

Што би ни кажала за крај?

Оваа програма ја препорачувам на секој студент кој сака да научи побрзо да биде самостоен и да се стекне со самодоверба. А покрај се ова и да има многу забава целиот период.

студентска-работа-германија

Автори

Дали сакаш да имаш безбеден престој?

Животот е полн со несигурности

  • Креирано според вашите потреби
  • Компетитивни цени и опции за плаќање
  • 24/7 корисничка поддршка

Категории

Сподели го твоето знаење со нашите читатели

Инстаграм

Find your perfect job and travel, make experiences and friendships that will last a lifetime.

Contact Us

Address: st. Franjo Kluz 7/2-5, 1000 Skopje, Macedonia

Phone: +389 79 332 862

​E-mail: info@posrednik.mk

POSREDNIK SKOPJE 2024 © All rights reserved.