Припрема за Студентска Работа во Германија: Финансиски средства

 

Работата во странство, особено во економски силна земја како Германија, е сон за многумина. Сепак, покрај одличните професионални можности, важно е и да бидете добро финансиски подготвени за транзицијата. Во овој блог, ќе се задржиме на неколку клучни аспекти на финансиската подготовка за работа во Германија, базирајќи се на начинот на исплата на платите и потребните трошоци во првиот месец од вашето престојување.

Отворање на Банкарска Сметкa

По пристигнувањето во Германија, секој кандидат е должен лично да отвори своја банкарска сметка на која ќе ја добива платата. Истата може да биде отворена во некоја германска или европска банка. Наша препорака се банките Monese и Wise. Повеќе информации за процесот на отварање на банкарска сметка во овие банки можете да најдете на нивните веб страни.

 

Начин на исплата на платите

 

Во Германија, платите најчесто се исплатуваат на месечна основа. Специфично, кај најголем дел од работодавците, платата се исплатува на 15-тиот ден од наредниот месец. Ова значи дека за работата извршена во текот на јули, платата ќе ја добиете на 15-ти август. Ова може да биде значајна промена за многумина кои се навикнати на различен систем на исплата во своите земји.
Не мора да значи дека ова е универазлно правило, постојат и работодавци кои практикуваат различен начин на исплата.

 

Некои работодавачи нудат можност за аванс по одработени две недели. Оваа опција треба да ја побарате однапред и да се консултирате со вашиот работодавец за условите и процедурата.

Основни финансиски потреби


За да избегнете финансиски стрес во првите недели од престојот во Германија, препорачливо е да имате доволно средства за да ги покриете основните потреби. Овие потреби ги вклучуваат:


Храна


Цените на храната во Германија можат да варираат, но генерално се наоѓаат во умерен опсег. Во супермаркетите како Aldi, Lidl или Rewe, може да се најдат производи по прифатливи цени. Важно е да се планираат трошоците за храна барем за првиот месец.


Сместување


Ако вашиот работодавец не нуди сместување, ќе треба да изнајмите стан или соба. Цените за изнајмување зависат од градот и локацијата. На пример, сместувањето во Берлин или Минхен може да биде поскапо отколку во помалите градови. Обавезно осигурете се дека имате средства за депозит (обично една до три месечни кирии) и првата месечна кирија.


Превоз


Германија има одличен систем на јавен транспорт кој вклучува автобуси, трамваи, метро и возови. Цената за месечен билет за јавен превоз чини 50 евра.. Ако вашата компанија не покрива превоз, овие трошоци ќе треба сами да ги покриете.


Други Трошоци


Во оваа категорија спаѓаат трошоци за мобилна телефонија, интернет, здравствено осигурување (кое е задолжително во Германија), како и разни лични потреби. Осигурете се дека имате доволно средства за да ги покриете и овие трошоци.



Финансиската подготовка е клучен чекор при пресељување и започнување на нова работа во Германија. Важно е да се информирате за начинот на исплата на платите и да имате план за покривање на основните потреби за првиот месец од вашиот престој. Ова ќе ви помогне да го намалите стресот и да се фокусирате на вашата нова работа и адаптација во новата средина. Подгответе се добро и уживајте во новите професионални и лични искуства што Германија ги нуди.

Authors

Do you want to have a safe trip?

Life is full of uncertainties, but your protection doesn’t have to be. 

  • Customized coverage to fit your unique lifestyle
  • Competitive rates and flexible payment options
  • 24/7 customer support for your convenience

Categories

Share Your Knowledge With Our Readers

Instagram posts

Find your perfect job and travel, make experiences and friendships that will last a lifetime.

Contact Us

Address: st. Franjo Kluz 7/2-5, 1000 Skopje, Macedonia

Phone: +389 79 332 862

​E-mail: info@posrednik.mk

POSREDNIK SKOPJE 2024 © All rights reserved.