Wise е модерна меѓународна финтек платформа која овозможува едноставно и брзо отворање на европска сметка со IBAN број, без потреба од посета на физичка банка. Ова ја прави особено корисна за луѓе кои работат во странство, како на пример во Германија, и сакаат лесно да примаат плата и да управуваат со своите финансии.
Процесот на регистрација е едноставен и се одвива целосно онлајн.
1. Посети ја веб-страницата www.wise.com или преземи ја апликацијата „Wise“ на телефон.
2. Кликни на "Sign up" или „Регистрирај се“
3. Избери "Personal account", при што се креира лична сметка.
4. Внеси емаил и лозинка, потоа потврди го емаилот.
5. Внеси лични податоци:
- Име и презиме (како во пасош)
- Датум на раѓање
- Адреса во Германија (може и привремена)
- Телефонски број (германски или македонски)
6. Верификација на идентитетот:
- Слика од пасош или лична карта (од двете страни),
- Селфи (слика во реално време), а во некои случаи, кратко видео за потврда на идентитетот.
7. Отворање сметка во евра (EUR):
- Во апликацијата избери „Open a balance“ → „EUR“
- Wise ќе ви додели европски IBAN број (обично започнува со „BE“ или „DE“). Можете да го користите овој број за примање плата од германски работодавач.
8. (Опционално) Нарачајте дебитна картичка
Може да нарачате Wise дебитна картичка по пошта (до германската адреса). Со неа можете да подигнувате пари или да плаќате во продавници.
Предностите на Wise се бројни. Платформата нема месечни трошоци за одржување, овозможува брзо примање на плата во евра, како и лесно префрлање во други валути како македонски денари. Апликацијата нуди преглед на сите трансакции во реално време и има ниски провизии при конверзија на валути.