Политика на приватност

Политика на приватност на ПАВ Посредник Плус – Скопје

Последно ажурирање: 01.12.2024

Содржина

Податоци за контролорот

ПОДАТОЦИ ЗА КОНТРОЛОРОТ – Приватна агенција за вработување Посредник Плус – Скопје, со ЕМБС 7554605

Улица „Фрањо Клуз бр.7/2/5, 1000 Скопје, Македонија

Телефон за контакт: +389 78 767 252

Е-пошта за контакт: office@posrednik24.com

https://www.facebook.com/posrednik.mk

https://www.instagram.com/posrednik.mk

контакт форма на веб https://www.posrednik24.com/contact

Вовед

Приватна агенција за вработување ПОСРЕДНИК ПЛУС – Скопје е посветена на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот www.posrednik24.com и услугите на ПАВ Посредник Плус – Скопје, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.

Оваа политика на приватност е во согласност со Законот за заштита на личните податоци на Република Македонија, објавен во Службен весник број 42 од16.02.2020 година.

Поважни дефиниции

Политиката на приватност на Посредник Плус,се заснова на термините кои ги користи Законот за заштита на личните податоци. Таа треба да биде разбирлива за посетителите на нашата веб страница. За да бидеме сигурни дека навистина е така ќе дадеме објаснување на поимите кои што ги користиме.

Во оваа политика на приватност,меѓу другото, ги користиме следните поими

Лични податоци

Под личен податок се подразбира секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува (субјект на лични податоци), а физичко лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на идентификатор како што се име и презиме, матичен број на граѓанинот, податоци за локација, идентификатор преку интернет, или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, генетски, ментален, економски, културен или социјален идентитет.

Субјект на личните податоци

Субјект на личните податоци е идентификувано или физичко лице кое може да се идентификува, чии лични податоци ги обработува контролорот одговорен за обработка на личните податоци.

Обработка на личните податоци

Обработка на личните податоци е секоја операција или збир на операции кои се извршуваат врз личните податоци, или група на лични податоци, автоматски или на друг начин, како што се: собирање, евидентирање, организирање, структурирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, увид, употреба, откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, усогласување или комбинирање, ограничување, бришење или уништување.

Ограничување на обработката на податоците

Ограничување на обработката на личните податоци е означување на личните податоци кои се чуваат, a со цел ограничување на нивната обработка во иднина.

Профилирање

Профилирање е секоја форма на автоматска обработка на лични податоци, која се состои од користење на лични податоци за оценување на одредени лични аспекти поврзани со физичкото лице, а особено за анализа или предвидување на аспекти кои се однесуваат на извршување на професионалните обврски на тоа физичко лице, неговата економска состојба, здравје, лични преференции, интереси, доверливост, однесување, локација или движење.

Контролор

Контролор е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое самостојно или заедно со други ги утврдува целите и начинот на обработка на личните податоци, а кога целите и начинот на обработка на личните податоци се утврдени со закон, со истиот закон се определуваат контролорот или посебните критериуми за негово определување.

Обработувач

Обработувач е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело кое ги обработува личните податоци во име на контролорот.

Корисник е физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело на кое му се откриваат личните податоци без разлика дали е тоа трето лице или не. Меѓутоа, органите на државната власт и државните органи на кои им се откриваат личните податоци во рамките на посебна истрага во согласност со закон, не се сметаат за корисници, при што обработката на овие податоци од овие органи мора да биде во согласност со важечките правила за заштита на личните податоци според целите на таа обработка.

Трето лице

Трето лице е секое физичко или правно лице, орган на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, кое не е субјект, контролор, обработувач или лице, кое под директно овластување на контролорот или обработувачот е овластено да ги обработува податоците.

Согласност

Согласност на субјектот е секоја слободно дадена, конкретна, информирана и недвосмислена изјава на волја, преку изјава или јасно потврдено дејствие, а со кои се изразува согласност за обработка на неговите лични податоци

Податоци кои ги собираме

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • На посетители на POSREDNIK24.com. Порталот употребува колачиња (cookies), а повеќе информации можете да најдете во нашата Политика за користење на колачиња;
  • На Физички лица кои креирале корисничка сметка и се регистрирале на POSREDNIK24.com со цел и за потребите на барање, наоѓање, аплицирање и информирање за слободните работни места, објавување на огласи во одредени категории ;
  • На Компании кои креирале корисничка сметка и се регистрирале на POSREDNIK24.com со цел да ги користат услугите на Порталот и да објавуваат огласи;
  • На Работобаратели (физички лица) кои ја користат услугата – Брза апликација на оглас.

Како ги собираме личните податоци?

Личните податоци ги собираме преку различни начини, вклучувајќи:

  • Податоци кои Корисникот ги внесува при регистрација на Порталот;
  • Податоци кои Корисникот ги внесува при пополнување на својот кориснички профил;
  • Податоци кои Корисникот ги открива и наведува при комуникација преку нашата служба за корисници, преку објавените е-mail адреси и телефонски броеви, социјални медиуми или преку пошта;
  • Податоци за Корисникот при користење на Порталот, вклучувајќи ги и оние кои доброволно ги остава при формите за аплицирање на огласи и пополнување анкети на Порталот;

Вашите податоци ги обработуваме за конкретни, јасни и легитимни цели, во обем потребен за остварување на целите на обработката и нема да ги обработуваме Вашите лични податоци на начин што е спротивен со тие цели.

Категории на податоци кои се обработуваат

  • Лични податоци за Физички лица/Работобаратели на Порталот, кои е неопходно да се внесат при регистрација и отворање на корисничка сметка, за целите на користење на услугите на Порталот – POSREDNIK24.com (е-маил адреса, име, презиме, телефон). Секој Корисник може дополнително и самостојно по своја волја да внесува податоци во својот Профил/POSREDNIK24 CV кои се однесуваат на негови дополнителни податоци како слика, профили до социјални медиуми, пол, дата на раѓање, прикачено CV, интереси за позиции за кои бара работа, дополнителни контакт податоци, неговото образование, работно искуство, познавање на јазици и други вештини за да ги користи за генерирање на POSREDNIK24 CV и/или за пријава на огласи од Работодавачите.
  • Податоци за Компании/Работодавачи кои е неопходно да се внесат при регистрација и отворање на корисничка сметка, за целите на користење на услугите на Порталот – POSREDNIK24.com (е-маил адреса, име/назив, ЕМБС, телефон, лице за контакт, адреса, индустрија);
  • Податоци кои ги собираме при комуникација со Корисниците кои не контактирале за техничка или административна поддршка или соработка преку преку нашата служба за корисници;
  • Податоци за известувања по електронски пат (кои не се директен маркетинг);
  • Податоци за маркетинг и промоции, доколку сте дале согласност за обработка (е-пошта и/или контакт телефон);
  • Податоци (е-маил) внесени преку Контакт страната.

Кои податоци се евидентираат при посета

За време на посета на нашите интернет страни, платформата за секој корисник врши запис/лог со следни информации:

  • Времето на посетата
  • Страната која се посетува и подопциите при тоа
  • Страната од која е препратена посетата и во некои случаи клучните зборови кои се користени при истотото препраќање
  • Оперативниот систем кој се користи и нагодувањето за екранска резолуција
  • Видот на пребарувачот и неговата верзија
  • Јазикот кој се користи на пребарувачот
  • Интернет (IP) адресата од која се пристапува
  • Типот на уред од кој се пристапува
  • Сите записи (логови) се чуваат заради проучување на сигурносен или кориснички проблем.

Врски со трети веб страни и сервиси

Содржините кои Порталот POSREDNIK24.com ги објавува може да содржат врски (линкови) до веб страници и сервиси на трети лица на кои не се однесува оваа Политика за приватност. Ние не сме одговорни за практиките на овие трети веб страни и сервиси и Ве советуваме да се запознаете со содржината на нивните Политики за приватност.

Основ за обработка на личните податоци

Во согласност со важечкото законодавство за заштита на личните податоци, Вашите лични податоци може да бидат обработени ако:

  • сте ни дале согласност за обработката (член 10 став 1 алинеја 1 од Законот за заштита на личните податоци), која имате право да ја повлечете во било кое време; или
  • обработката е неопходна за извршување на договор (член 10 став 1 алинеја 2 од Законот за заштита на личните податоци) во кој Вие сте договорна страна или за да се преземат активности на Ваше барање пред Ваше пристапување кон договорот; или
  • обработката е неопходна за целите на наш легитимен интерес (член 10 став 1 став 6 од Законот за заштита на личните податоци), без да се наруши вашето право на приватност и доверливост, а за постоењето на ваков легитимен интерес, ќе Ве известиме во врска со конкретната обработка;
  • обработката е потребна за исполнување на наша законска обврска (член 10 став 1 алинеја 3 од Законот за заштита на личните податоци).

Согласност за обработка на лични податоци

Со користење на Порталот физичките лица и компаниите даваат изречна согласност на Друштвото за собирање и обработка на нивните лични податоци кои се дадени при регистрација или најава за брза апликација и се достапни во нивните Кориснички Профили и/или преку објавување на CV, молба или било кој друг документ.

Корисниците даваат согласност за контактирање преку електронски пат како дел од функционалностите на системот (отворени работни позиции, заборавена лозинка, системски пораки, известувања од Порталот итн.) преку кои не се врши продажба и не се директен маркетинг. Корисниците овие опции може да ги исклучат самостојно или со допис до Друштвото.

Работодавачите кои се физички лица и Работобарателите можат во било кој момент да ја повлечат дадената согласност без никакво дополнително објаснување со испраќање на барање на адресата на Друштвото за отповикување на согласноста и деактивирање и/или бришење на корисничката сметка.

Преку аплицирање на оглас или одбирање на опцијата “активно аплицирање“ и користење на Порталот со аплицирање на објавени огласи, Работобарателите даваат изречна согласност на сите Работодавачи на чиј оглас аплицирале, да можат да пристапат до нивните лични податоци наведени во Корисничкиот Профил, (кој покрај податоците од задолжителните полиња, по желба на Работобарателот да вклучува и други документи, како: лична биографија – CV, молбата за вработување и друго) и истите да ги обработуваат во постапката за избор на кандидат за пополнување на позицијата од огласот.

Согласноста за собирање и обработка на лични податоци во согласност од одредбите од Законот за заштита на лични податици се дава исклучиво за целите на аплицирање на огласи за Работни места, како и за вршење на сите други активности кои се строго поврзани со огласување и аплицирање на огласи за Работни места и на сите други поврзани комплементарни услуги кои се дел од понудата на услуги на порталот Posrednik24.com или партнерските компании кои се даватели на бараните услуги и не можат да се употребат за друга цел.

Употребата на податоците за било која друга цел (копирање, транскрипција, дистрибуција, итн.) без согласност на Друштвото и Работобарателите, односно Работодавачите (физичко лице) за масовна дистрибуција, промотивни пораки и слични работи е строго забрането. Друштвото ќе ги извести надлежните органи, вклучувајќи, но не и ограничувајќи се на Државното обвинителство на Република Македонија, Министерството за внатрешни работи и Агенцијата за заштита на личните податоци.

Работодавачите се должни да ги почитуваат начелата поврзани со обработката на личните податоци и да ги преземаат сите технички и организациски мерки за заштита на тајноста и безбедноста на личните податоци на Работобарателите во согласност со Законот за заштита на личните податоци и да ги користат личните податоци единствено за целите на селекција и избор на кандидати во врска со објавен оглас за работно место во согласност со применливите закони.

Друштвото не одговора за неовластено откривање или било каква незаконска обработка на личните податоци на Работобарателите од страна на Работодавачите и нема да биде одговорно за надомест на материјална и/или нематеријална штета што би можела да биде предизвикана.

Цели на обработка на личните податоци

Личните податоци ги собираме за конкретни и јасно утврдени цели и се обработуваат на начин што е во согласност со тие цели и во согласност со Законот за заштита на лични податоци.

Личните податоци се обработуваат за давање услуги и исполнување на договорни обврски односно за пристап, регистрација и користење на POSREDNIK24.com, преку објавување на огласи за Работни места и останати услуги од страна на Работодавачите и останатите партнерски компании, и складирање биографии и други кориснички податоци во базата на профилот, за нивна достапност, во согласност со избраните поставки од страна на Работобарателот за целите на аплицирање на објавен оглас на Порталот.

Пренесување на корисници на лични податоци

Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата Порталот, на трети лица, освен во следните случаи:

  • во случај на ангажирање на даватели на услуги кои Друштвото ги ангажира како обработувачи со што ќе бидат обврзани да постапуваат по упатствата на друштвото и обезбедат заштита на личните податоци кои се обработуваат при обезбедувањето на тие услуги.
  • по барање на суд, полиција или други органи и тела за вршење на нивните надлежности и само ако постои законски основ за тоа.

Кој има пристап до вашите лични податоци?

Во нашето друштво пристап до вашите податоци можат да добијат само оние лица на кои им се потребни тие информации за овозможување и давање на нашите услуги и исполнување на нашите договорни и законски обврски и само до оној степен што е неопходен за исполнување на целта на обработката.

Податоците може да бидат споделени со:

  • Наши партнери за регрутација (со ваша согласност)
  • Друштва за осигурување
  • Транспортни компании
  • Надворешни изведувачи на ИТ услуги со цел одржување и подобрување на системот, веб страната и веб апликацијата
  • Банки и други финансиски институции
  • Државни институции во согласност со законските барања

Време на чување на собраните податоци

Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката со рокови на чување на личните податоци потребни за исполнување на целта на обработката – овозможување и давање на нашите услуги и извршување на склучени договори.

Пресметка на роковите на чување и задржување на личните податоци, се заснова на следниве критериуми:

  • наши законски или договорни обврски;
  • податоците дадени при регистрација, најава, или наведени во Корисничкиот профил, како и податоците дадени за маркетинг цели се чуваат до повлекување на согласноста, односно до спроведување на барање за бришење на податоци;
  • времето потребно за обработка на барањето или приговорот (доколку е поднесен приговор).

Некои од Вашите лични податоци потребно е да ги чуваме во архивите за да можеме да одговориме на какви било правни постапки и за време пропишано со важечките закони.

Кои се вашите права како субјекти на лични податоци?

Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:

  • право да бидете информирани за обработката на личните податоци (право да бидете информирани за какви цели се обработуваат ваши податоци, категориите на лични податоци кои се обработуваат, временскиот рок на чување, нашите легитимни интереси, корисниците на кои се пренесуваат…);
  • право на пристап до личните податоци (имате право да добиете потврда дали се обработуваат вашите лични податоци и доколку се обработуваат, да добиете пристап до личните податоци и информации за обработката);
  • право на исправка на личните податоци (ако најдете грешки во вашите лични податоци или ако тие се нецелосни или неточни, може да побарате да ги исправиме неточните или дополниме нецелосните лични податоци);
  • право на бришење на лични податоци / право да се биде заборавен (можете да побара бришење на Корисничкиот профил и личните податоци од базата на Корисници);
  • право на ограничување на обработката на личните податоци (под услови утврдени со закон, можете да побарате ограничување на Обработката на вашите лични податоци);
  • право на приговор (имате право во секое време согласно важечкиот закон да поднесете приговор на обработката на вашите лични податоци, како и приговор на обработката на Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг);
  • право на повлекување на согласноста за обработка на личните податоци во секое време (доколку сте дале согласност за обработка на личните податоци).

Корисникот во секое време има пристап до својот Кориснички Профил со својата лозинка и може да ги измени и исправи неточните или да ги дополни нецелосните лични податоци, да ги смени поставките за приватност, или да го деактивира Профилот.

При регистрацијата Корисникот самостојно ја поставува својата лозинка, која не смее да ја споделува со трети лица, и сноси целосна одговорност за тајноста на лозинката и користењето на Порталот по пат на податоците за пристап. Работобарателот може да го извести Друштвото доколку се посомнева на неовластена употреба на своите податоци за пристап.

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци – Валентина Пешова, licni.podatoci@posrednik24.com.

Субјектите на личните податоците можат да ги користат правата според оваа Политика со поднесување барање за остварување на соодветното право. Барањето може да се поднесе на следниот начин:

  • електронски на следната адреса на електронско сандаче office@posrednik24.com
  • по пошта на адреса – ул. Фрањо Клуз бр.7/2/5, 1000 Скопје

Барањето за остварување на правата во врска со заштитата на личните податоци треба да ги содржи следниве податоци:

  • име и презиме на субјектот на лични податоци;
  • контакти за повратни информации – адреса, телефон, адреса на електронско сандаче;
  • барање со опис на барањето.

Право на поднесување на барање до АЗЛП

Ако сметате дека начинот на кој Друштвото ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци како надзорно тело, согласно Законот за заштита на личните податоци.

Промена на политиката за приватност

Со пристапување и користењето на POSREDNIK24.com изјавувате дека се согласувате со оваа Политика за приватност. Политиката за приватност подлежи на редовно преиспитување и по потреба ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности за што ќе бидете информирани. Ве молиме да ја посетувате Политиката за приватност и да се запознаете со нејзините промени и дополнувања.

Безбедност на податоците

Друштвото ги презема сите потребни технички и организациски мерки за заштита на личните податоци од нивно случајно или незаконско уништување, губење, неовластено откривање или пристап, користејќи редовни контроли и најнови технолошки механизми и достигнувања во оваа област согласно важечкиот Закон за заштита на личните податоци и применливите подзаконските акти.

Секој вработен е одговорен за почитување на интерните политики за заштита на лични податоци на Посредник Плус и Посредник Плус има нулта толеранција за случаи кои може да ја доведат во прашање довербата и приватноста на клиентите и пошироката јавност.

Контакт податоци

ПАВ Посредник Плус – Скопје

Адреса: ул. Фрањо Клуз бр.7/2/5, 1000 Скопје

E-маил: office@posrednik24.com

Телефон: +389 70 383 245

Офицер за заштита на лични податоци: Валентина Пешова

Телефон: 070 383 245

Емаил: licni.podatoci@posrednik24.com