Драги кандидати, доколку во наредниот период планирате да заминете на Work & Travel или на долгорочна работа во Германија, важно е однапред да знаете како функционира јавниот транспорт и купувањето билети. Најпопуларната и најпрактичната опција во моментов е Deutschland Ticket, кој овозможува неограничено користење на јавниот превоз низ цела Германија, а неговата цена оваа година изнесува 63 евра.
Најлесниот начин за купување на овој билет е онлајн, преку апликација или веб-платформа. Купувањето на шалтер е значително покомплицирано, бидејќи во повеќето случаи ќе ви биде побарана германска банкарска сметка (IBAN), што може да биде проблем ако штотуку пристигнувате во земјата.
Важно е да знаете дека Deutschland Ticket функционира како месечна претплата. Тој секогаш важи од првиот до последниот ден во месецот, без разлика кога ќе го купите. Тоа значи дека доколку го купите билетот на пример на 25-ти во месецот, тој ќе важи само до крајот на истиот месец, а не 30 дена од датумот на купување. Поради тоа, многу е важно однапред да го испланирате вашето патување и да одлучите кога е најисплатливо да го активирате билетот.
Од друга страна, доколку ви преостануваат неколку недели од престојот и планирате активно да се движите низ Германија, овој билет и понатаму е една од најповолните опции. Неговата цена моментално изнесува околу 63 евра месечно, што го прави значително поевтин во споредба со купување поединечни билети за секое патување.
Со добра организација, Deutschland Ticket може значително да ви ги намали трошоците и да ви го олесни движењето додека престојувате во Германија.
Во продолжение претставени се апликации преку кои можете да си купите Deutschland Ticket:
1. mo.pla
Најлесната и најпрепорачана опција. Оваа апликација прифаќа VISA и Mastercard, работи и со странски картички и овозможува многу едноставно откажување на претплатата, без строги рокови за тоа до кога можете да ја откажете претплата. Дополнително, може да се користи и преку веб, што ја прави особено флексибилна. Затоа, ако бараш најбрзо решение без IBAN, ова е првиот избор.
2. Deutschlandticket App
Втора добра опција е Deutschlandticket App, која е официјална или партнерска апликација. Таа поддржува плаќање со кредитна или дебитна картичка, како и преку PayPal, и е многу едноставна за користење. Билетот се зачувува директно во телефонот (wallet), што ја прави практична за секојдневна употреба.
3. RMVgo / MVV App / hvv switch
Ако се наоѓаш во одредени региони во Германија, можеш да користиш и локални апликации како RMVgo за Франкфурт и регионот Hessen, или MVV App за Минхен и Баварија. На следниот link можете да погледнете како да купите Deutschland Ticket на MVV App. Овие апликации поддржуваат плаќање со кредитна картичка и овозможуваат купување на Deutschland Ticket директно преку нив. Во Хамбург постои и hvv switch, која исто така поддржува картички и PayPal, но понекогаш може да има проблеми со странски картички, па не е најсигурна опција.
Од друга страна, постојат апликации што често создаваат проблеми ако немаш германска сметка. На пример, DB Navigator формално прифаќа картички, но за Deutschland Ticket често бара SEPA плаќање и германски IBAN. Слична е ситуацијата и со BVG Fahrinfo, која работи со картички за други билети, но за оваа претплата може да има ограничувања.
Важно е да знаеш дека Deutschland Ticket не е еднократен билет, туку месечна претплата (subscription) и aвтоматски се обновува секој месец.
ВАЖНО: Не заборавај да ја откажеш претплатата ако не сакаш да продолжи! Кај некои апликации (како mo.pla) условите се пофлексибилни и можеш да откажеш и подоцна, но кај повеќето (MVV, RMV, DB) важи правилото до 10-ти во месецот.